„Вселенското тело падна од источната страна, од слабо населена област, некаде околу 8 часот . Овој метеорит не предизвикувал никаква бучава додека паѓал, единствено се слушнал кога удрил во мразот“, изјавил Чернобров за новинарите, додавајќи дека тоа е причината поради која многу малку луѓе биле сведоци на настанот.
Нуркачите успеале да го лоцираат на дното на езерото, меѓутоа не успеале да го извадат поради тенкиот мраз.
Било регистрирано нарушување на магнетното поле над кратерот на метеоритот. Сите видливи знаци, вклучувајќи ги правецот на паѓање, ударот и специфичниот кратер, укажуват на тоа дека се работи за метеорит. Ова е единствениот случај на метеорит без преседан во историјата.
Случајот го пријавиле двајца рибари на 2 Декември кои ги повикале локалните служби за итни случаи откако забележале трага по должината на крајбрежјето што личела како некој да ја орал почвата. Трагата завршувала во мразот од езерото.
Метеоритите се наоѓаат на насловните страници на весниците по озлогласеното паѓање на метеоритот во близина на градот Челјабинск во Русија, на 15-ти февруари 2013 година. Метеоритот од 10 000 тони, со дијаметар од околу 17 метри влегол во атмосферата на Земјата и се разделил на неколку делови, од кои најголемиот паднал во регионот на Челјабинск. Бранот кој следел по падот ги искршил прозорците на повеќе од 4 700 куќи. Повеќе од 1 500 луѓе, вклучувајќи околу 300 деца, побарале медицинска помош и околу 69 биле хоспитализирани. Астрономите велат дека овој метеорит е најголемото вселенско тело кое ја погодило Земјата уште од 1908 година, од Тунгуската експлозија, кога огромен метеорит експлодирал над Сибир.