Сте слушнале ли некогаш за планинско езеро кое понекогаш исчезнува?

Езерото познато како Desappearing Tarn, или “Планинско езерo кое понекогаш исчезнува”, сеуште ги воодушевува туристите и фотографите во Тасманија, откако овие денова ја истакна својата прилично ретка верзија.

Езерото се наоѓа на половина пат до планинскиот врв на планината. Велингтон, висок 1271 метри. Ова е местото каде што најголемиот дел од годината всушност е сув, а водата само околу десет пати годишно, доаѓа со топење на снегот или редок пороен дожд, при што истата ја снемува помеѓу шуплините за многу кратко време.

За многу излетници, поради истите причини поглед кон езерото е скоро невозможна мисија. Оние ретките, кои го “уловиле” езерото, посебно низ објектив, сведочат дека водата од тоа езеро се одликува со исклучително убава сина боја.

Очевидците за оваа година тврдат дека погледот е чудесен, бидејќи никој не се сеќава на толку многу насобрана вода, ниту на најдлабоките делови кои делуваат како сафир.

Таквите сцени инаку може да се сретнат скоро исклучиво во недопрената природа на брегот на туристичкиот неистражен рај. Да се нарече езеро кое исчезнува е претенциозно, бидејќи истото езеро има површина колку олимписки базен, а повеќе од тоа не може ни да се очекува со оглед на тоа дека се наоѓа на терен кој не е во состојба да задржи вода.

Disappearing Tarn, Tasmania, Australija | Author: YouTube
Езерото се појавува толку ретко, што дури и жителите на Тасманија се досега биле скептични околу неговото постоење.

Поддржете ја нашата работа: