Метеоритот пронајден минатата година во северна Африка е продаден на аукција за нешто повеќе од 600 000 долари, соопшти аукциската куќа од Бостон, RR Auction.
Купувач на месечевиот камен е виетнамски државјанин, претставник на комплексот Там Чук Пагоди во провинцијата Ха Нам, кој на аукцијата платил 612.500 долари.
Наречен “Buagabe” или Месечева сложувалка, метеоритот е составен од шест делови кои се спојуваат како сложувалка во маса тешка околу 5,5 килограми.
На едната страна од метеоритот е видлива делимична фузиска кора која настанала при делувањето на топлината додека поминувал низ Земјината атмосфера.
Метеоритот се отпуштил од површината на Месечината во далечното минато, најверојатно под дејство на друг метеор, за да пропатува 384 000 километри и падне на Земјата во далечната пустинска област на Мавританија.