Кога на најсушното подрачје на планетата ќе се појави езеро, таквата појава делува како феномен. Иако ретки, ваквите сцени не се невозможни и необјасниви.
На едно од најсувите и најтоплите места на планетата, во Долината на смртта (Death Valley) во Калифорнија, се појавило езеро. После дождот, кој паѓал со недели, бура и поплави се појавила прилично голема површина на вода.
Тоа место, го посетил еден фотограф, чија задача била да донесе фотографии од (Badwater basin), најниската точка на северна Америка.
“Чувството е сосема нереално да се пронајде толку вода на најсушното место на светот. Иронијата е тоа што воопшто не успеав да допрам до Bedvoter, но фотографиите кој ги донесов се секако оригинални”, вели фотографот Елиот Мекгукен за SFGate.
Националниот парк “Долината на смртта” го држи рекордот на највисоките температури на Земјата: 56,7°C, измерени уште на 10 јули 1913 година во населеното место Furnace Creek. Ова место, исто така го држи рекордот со најтоплата земјена површина: 93,9°C, измерени на 15 јули 1972 година. За најтопол месец е прогласен јули 2018 година, кога овде просечната температура изнесувала 42,3°C, правејќи го најсушното место на светот.
Во просек во текот на март, на подрачјето Furnace Creek, паѓа околу 7,6 мм дожд. Кога има случај да падне 22 мм дожд за само 24 часа, а на околните планини дури 38 мм, кои исто така се слеваат во пониски пустински предели, не е невозможно да настане езеро. Пустинската земја е сува толку многу што тешко го апсорбира дождот, што ги објаснува краткотрајните поплави.
Не е позната точната големина на езерото, но претставниците од Националниот парк, веднаш ја објавиле должината од околу 16 км.
И покрај се, Долината на смртта не е безживотно место. Големорогатите овци, којоти, стаорци, зајаци и желки го одбрале ова место за нивно живеалиште. Долината чија надморска висина е 86 метри под нивото на морето, опкружена со планини на чии врвови има понекогаш и снег не е невообичаена појава, ниту пак глетката на украсени полиња со диви цветови.