Ефектот на црното грозје врз метаболизмот на маснотии

Наодите од истражувањето, објавено во „The Journal of Nutritional Biochemistry“, сугерираат дека конзумирањето на црното грозје, без разлика дали ќе го јадете, ќе пиете сок од грозје или пак вино, може да им помогнат на луѓето подобро да се справат со дебелината и поврзаните метаболички нарушувања, како на пр. замастен црн дроб.

Нил Шеј, биохемичар и молекуларен биолог на Колеџот за земјоделски науки на Државниот Универзитет во Орегон, бил дел од тимот на научници кои направиле едно истражување при што изложиле еден човечки црн дроб и масни клетки одгледувани во лабораторија, на екстракти од 4 природни хемикалии кои се наоѓаат во црното грозје, поточно сортата „Muscadine“ карактеристична за југоисточниот дел на САД. Една од нив, елагичната киселина, се покажала посебно силна и драматично го забавила растот на постоечките масни клетки и формирањето на нови, и го забрзала метаболизмот на масните киселини во клетките на црниот дроб.

„Овие хемикалии во грозјето не претставуваат некое чудо за слабеење. Но, го зголемуваат согорувањето на мастите, особено во црниот дроб, со што може да ја подобрат функцијата на црниот дроб кај дебелите луѓе. Би било супер ако успееме да развиеме стратегија на исхрана со обично грозје, за да го намалиме таложењето на мснотии на црниот дроб“, велат научниците.

Ова истражување, го надополнува истражувањето на Шеј со глувци, при што при конзумирањето на црно грозје, по 10 недели глувците акумулирале помалку маснотии во црниот дроб и имале пониско ниво на шеќер во крвта.

„Целта на овие истражувања не е да се заменат потребните лекови, туку луѓето да знаат која храна е добра за нивното здравје и да ја конзумираат“, заклучуваат научниците.

Поддржете ја нашата работа: