Познато е дека недостатокот на физичка активност го зголемува ризикот од хронични заболувања, дијабетес тип 2 и срцеви болести. Новото истражување потврдува дека ризикот се зголемува само за две недели телесна неактивност.
Кај група млади, здрави и физички активни лица кои ја почитувале препорачаната физичка акивност, за само 14 дена седентарен начин на живот резултирал со мали, но забрзани намалувања на мускулната маса и зголемени телесни масти, што докажано може да го забрза развојот на хронични болести, а потенцијално може да доведе до прерана смрт.
Дво неделната неактивност кај учесниците на оваа студија предизвикала дебелеење, забавување на метаболизмот и забрзан губиток на мускулна маса. Освен тоа, кардиоваскуларната кондиција драстично им паднала, па не можеле да трчаат поолго време со ист интензитет како во претходните студии.
Лидерот на студијата Д-р. Ден Катбертсон и неговите соработници од Универзитетот Ливерпул ги презентирале своите сознанија на конгресот за дебелина во Португалија.
Во моментов советуваат, возрасните лица помеѓу 18 и 64 години, да имаат барем 150 минути умерена или 75 минути интензивна физичка активност неделно. Податоците од американскиот центар за контрола на болести и превенција покажуваат дека помалку од 50 отсто од возрасните лица ги почитуваат препораките.
Недостатокот на редовна физичка активност е клучен за дебелината. Таквото однесување води до дијабетес тип 2 и срцеви заболувања па и некои видови карцином. Недостатокот на активност влијае и на здравјето на коските и мускулите. Научниците потврдиле дека дво неделното мирување доведува до мало, но значајно зголемување на телесни масти.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























