Неколку знаци кои покажуваат дека внесувате премногу шеќер

Од зголемен ризик за рак до разни здравствени проблеми, замор и лошо расположение, премногу шеќер, внесен во организмот со сигурност не убива.

Колку прекумерниот внес го загрозува човечкото здравје открива шокантното сознание кое се темели на студија, спроведена на Универзитетот во Каливорнија, минатата година, врз чија основа истражувачи од Харвард истакнуваат резултати од ефектите на мастите и шеќерот врз организмот.

Претходните проценки на Светската здравствена организација (СЗО) беа дека нашиот метаболизам без проблем може да преработи од шест до девет кафени лажички шеќер дневно, односно, до десет отсто од вкупните калории за просечно здраво лице. Но во оваа табела треба да го ставиме и шеќерот кој го додаваме во кафе и сирупите кои ги конзумираме во вид на преработена храна и сокови.

СЗО во исто време даде и дополнителна “условна препорака” внесувањето на шеќер дополнително да се намали на 5 проценти од вкупниот внес на енергија, што е околу 25 грама или шест кафени лажички. Доколку се земе во предвид границата од 10 отсто, една лименка газиран пијалок (40 грама шеќер), успева да стигне до дозволената дневна количина на шеќер, што покажува колку малку сме свесни за количината на шеќер која ја внесуваме во нашиот организам.

Прекумерениот внес на храна или изборот на специфично вештачки произведена храна, особено онаа богата со шеќери или масти, се поврзува со зависност. Резултатите, собрани со тестирање на животни покажуваат дека после внес на големи количини шеќер доаѓа до промена во мозокот, која е многу слична на оние кои се јавуваат по конзумирање на дрога.

Постојат научни докази кои го поврзуваат внесот на шеќерот со појавата на рак на панкреасот. Научниците тврдат дека најверојатно причина за тоа е хипергликемија и хиперинсулинемија. Со исхраната која содржи едноставни шеќери доаѓа до нагло зголемување на глукозата во крвта и големи потреби за инсулин, што постепено доведува до преоптеретување на панкреасот и намалување на ефектот од инсулин. Претераното внесување на шеќер исто така предизвикува рак на хранопроводот, тенкото црево и белите дробови.

Симптомите кои се јавуваат како резултат на прекумерен внес на шеќери во организмот се следните: Проблеми со имунитетот, проблематична кожа, депресија, дебелина, недостаток на енергија, висок крвен притисок, па дури и честа појава на желба за благо, која настанува како последица на зависност.

Поддржете ја нашата работа: