ЕКСПЕРИМЕНТ: Кога науката ви го спасува животот

Норвешкиот физичар Андреас Вал е веќе познат по своите екстремни експерименти кои се опасни по животот. Неодамна скокна од зграда за да ја демонстрира центрипеталната сила во акција, а сега се наоѓа под вода при што директно се пука со пиштол и се надева дека науката ќе му го спаси животот. Се подразбира дека вакво нешто не треба да се обидувате да направите сами.

Па, зашто куршумот не го погоди во стомакот? Тоа е благодарение на отпорот, кој во водата е повисок отколку во воздухот. Тоа во основа значи дека водата е многу погуста од воздухот, па применува повеќе сила. Кој било објект што се обидува да се движи низ водата треба да ја совлада таа сила за да се движи.

За да покажат што точно се случува, видеото е снимано во забавена снимка и јасно може да се видат ефектите на отпорот врз куршумот – тој многу се успорува и на крајот целосно запира и паѓа на дното на базенот.

Но, сигурно се прашувате што се случува со меурчињата што се формираат околу куршумот кога се движи низ водата. Дестин од „Smarter Every Day“ има објаснување за тоа, повторно во забавена снимка. Уживајте!

Поддржете ја нашата работа: