Електронските сензори од хартија имаат потенцијал да ги намалат цените на многу медицински алатки, почнувајќи од корисните роботи па се’ до дијагностичките тестови. Ху Анминг и неговите колеги од Југоисточниот Универзитет и Универзитетот во Тенеси, истакнуваат дека бидејќи хартијата е достапна насекаде по ниска цена, тоа ја прави одлична површина за лесна електроника со можност за преклопување, која може да се користи насекаде.
Научниците веќе развиле дијагностички тестови од хартија, како и пренсоливи детектори на ДНК. Меѓутоа, за нив се потребни сложени и скапи производствени техники. Попрактично решение е сребреното мастило.
Тимот на Ху сакал да развие начин да го печати директно на хартија, со цел да направи сензори кои ќе реагираат на допир или на одредени молекули, како на пр. глукоза. Така, тие развиле систем за печатење кој го печати сребреното мастило во рок од неколку минути, а потоа го стврднале мастилото со светлина од блицот на камера. Оваа направа реагирала на допир откако ја искривиле и преклопиле 15 пати, па дури и откако ја завиткале и одвиткале 5 000 пати, со што научниците заклучиле дека овој сензор може да има многу корисни примени.
Своето истражување го објавиле во весникот „ACS Applied Materials & Interfaces“.
Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.
Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни! |
{loadposition like_article} |