ЕНаука на тиме.мк

Нашите вести и статии веќе се објавуваат во рубриката Наука/Технологија а истите ќе ги има и на нашиот канал ЕНаука. Зошто ваква одлука и зошто баш сега ? Иако уште од пред пола година Енаука.мк ги исполнуваше условите на тиме.мк донесовме одлука да го одложиме аплицирањето. Сметавме дека е подобро прво да направиме квалитетна публика и доволно вистински фанови кои ќе ја ценат нашата работа и труд и да ги избегнеме барем во промотивниот периодот таканаречените COPY/PASTE портали кои само ги копираат содржините од вашиот портал за кои сте вложиле огромен труд и ги објавуваат како да се нивни. (Значи комплет со се слики, видеа и печатни грешки) Енаука.мк до моментов има објавено преку 2000 статии кои во 100% се комплетно обработени, преведени и едитирани од нашиот тим и за разлика од повеќето интернет портали нашите текстови се подолги, попрецизни и секогаш со дополнителни линкови кои ќе му овозможат на потенцијалниот читател повеќе информации. Што можете да очекувате од ЕНаука.мк во наредниот период ? Би сакале да можеме да ви ветиме повеќе содржини и поквалитетни текстови, интервјуа со македонски научници, истражувачи и иноватори, експерименти, настани, проекти. Меѓутоа сега за сега бидејќи се’ уште немаме обезбедено вистински партнери од македонската бизнис заедница и македонските маркетинг агенции кои се’ уште го заобиколуваат нашиот маркетинг простор ќе се обидеме да го задржиме барем истото ниво на квалитет и динамика. Како можете да помогнете ? Свесни дека едно општество не може да се надева на развој и прогрес без клучните столбови како образованието и науката, ние ќе останеме посветени и истрајни на идејата „Македонската нација да постане респектибилна нација во полето на науката, место каде ќе се цени работата, трудот, новата идеја и визија“.   Иако е јасно дека без одредени финансии работата ќе биде тешка а патот трновит, ние сепак мотивирани од бројот на нашите фанови веруваме дека тука има прекрасни луѓе кои ќе одвојат и дел од своето драгоцено време да помогнат да овој проект станува се поуспешен. Во наредниот период планираме да објавиме оглас за соработници на енаука.мк кои ќе помагаат како преку обработка на нови интересни наслови и вести така и преку повеќе други активности на волонтерска основа, а нашите ценети читатели да ги замолиме да се вклучуваат почесто во дискусии преку коментарите, како и да ги споделуваат интересните и корисни информации како во кругот на своите пријатели и соработници така и преку социјалните мрежи.       Со почит, Тимот на Енаука.мк  

Поддржете ја нашата работа: