Европска мисија за одбрана од астероиди

Мисијата би требало да започне во октомври 2020 година и леталото да отпатува до бинарен астероиден систем, односно до парот астероиди „Дидимос“ кој во 2022 година ќе се наоѓа релативно блиску, на 11 милиони километри од Земјата. Главното тело на астероидот е со дијаметар од 800м, а околу него орбитира месечина од 170м. Токму оваа месечина е главниот фокус на мисијата. Леталото, кое би носело најмалку три помали летала, би требало визуелно, термално и радарски да ја мапира месечината за да се направи детална мапа на нејзината површина и внатрешна структура.

Доколку се одобри, оваа мисија би го претставувала придонесот на Европа за поголемата мисија „AIDA“. НАСА како дел од оваа мисија во 2022 година ќе испрати свое летало до истиот астероид кое ќе се судри директно со неговата месечина со брзина од 6 км/с. Потоа ќе се направи детална споредба на структурата пред и потоа, и ќе се анализираат кинетичките ефекти и последици од судирот, со цел да се тестира дали едно вселенското летало може успешно да одврати астероид од својот курс за да се избегне судир со Земјата.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt