Името Тираносаурус Рекс значи „крал на тираните гуштери”: „tyranno” значи тиранин на грчки јазик; „saurus” значи гуштер на грчки, а „Рекс” значи крал на латински.
Т. Рекс бил член на семејството„Tyrannosauroidea“ на големи предаторски диносауруси со мали раце и два прста. Покрај „Tyrannosaurs“, други тираносауридни видови се: „Albertosaurus“, „Alectrosaurus“, „Alioramus“, „Chingkankousaurus“, „Daspletosaurus“, „Eotyrannus“, „Gorgosaurus“, „Nanotyrannus“, „Prodeinodon“ и „Tarbosaurus“.
Импозантна фигура
Најголемиoт и најпознатиотскелет на Т. Рекс пронајден досега бил наречен Сју, според пронаоѓачот, палеонтологот Сју Хендриксон. Мерењата на Сју укажуваат на тоа дека Т. Рекс бил еден од најголемите месојадни диносауруси, висок 4 метри до колковите (што претставува највисока точка на ѕверот, бидејќи не стои исправено) и 12,3 м. долг. Една неодамнешна анализа на Сју, објавена во 2011 година во списанието „PLoS One“, покажува дека Т. Рекс тежел околу 9 тони.
Т. Рекс имал силни бедра и моќна опашка, избалансирани со голема глава (черепот на Сју е 1,5 метри), кои му дозволуваат брзи движења. Проценето е дека мускулите можеле да работат со брзина од 40 км. на час. Рацете и прстите му биле слаби, така што малку е веројатно дека ги користел за фаќање на плен. Се’ уште не е познато за што ги користел.
Силата на гризот на Т-Рекс достигнувала до 57.000 њутни. Најголемиот заб некогаш пронајден е околу 30 см. Забите биле доволно остри и цврсти да ја издржат борбата со пленот.
Со што се хранел Т-Рекс
Тој бил месојад и најчесто се хранел со тревојадните диносауруси. Оброкот за Т-Рекс воопшто не бил лесна задача. Морал да се бори до смрт, а неретко се случувало и пленот да избега. Во една од анализите на коските и забите биле пронајдени остатоци и од неговиот вид. Нејасно е дали се работи за канибализам или пак само ги јадел остатоците.