ФДА и хомеопатијата

Позадина

ФДА регулира храна, лекови, медицински помагала, додатоци и козметика за целите на заштита на јавното здравје и безбедност. Конгресот  ја креира ФДA и ги утврдува нејзините овластувања. Во 1938 година, еден од сенаторите, Ројал Коупленд, кој бил лекар и хомеопат, вклучил акт со кој се предлага хомеопатските фарматици на Соединетите Американски Држави (HPUS) да бидат вклучени во листата на официјалните лекови.

Тоа буквално значи дека хомеопатските производи, автоматски се сметаат за лекови од страна на ФДА. Понатаму, секој нов хомеопатски производ додаден во HPUS како суплемент, исто така, се брои. Хомеопатите треба само да го регистрираат својот производ на листата. Тоа е тоа. Без неопходни истражувања, без гаранција за безбедноста или ефикасноста.

Сепак, тоа не значи дека ФДА мора да го одобри хомеопатскиот лек. Тие имаат овластување да бараат докази за безбедност и ефикасност, исто како што тоа го прават со вистинските лекови. Тие едноставно одбрале да не го прават тоа. Очигледно пред 70 години мислеле дека нема поента да се позанимаваат со регулација на на хомеопатијата и хомеопатите.

Логиката е очигледна. Во тоа време хомеопатијата била толку мала индустрија, со производи како вода и шеќерни таблети, па зошто залудно да се трошат ограничените ресурси.

Денес, хомеопатијата прерасна во индустрија вредна милијарди. Аптеките продаваат хомеопатски напивки на полица веднаш до вистинските лекови, со тврдења дека третираат специфични болести. Повеќето луѓе дури и не знаат што значи хомеопатијата, а често и не гледаат во минијатурните етикети каде што пишува дека лекот е хомеопатски.

Подобро доцна отколку никогаш

Сега, конечно, ФДА очигледно сфатија дека мора да преземат нешто кога станува збор за хомеопатија.

Во меѓувреме, владата на Велика Британија неодамна направи голем преглед и заклучи дека хомеопатијата не е ништо повеќе од магија. Ситуацијата е идентична и во Австралија.

Постојат индикации дека ФДА е сериозна во врска со реформите. Тие всушност се обратија до Комисијата за научно истражување (CSI) и побара од нив да испратат експерт за нивната јавна расправа. Исто така, постои период за коментари на јавноста.

Од друга страна, хомеопатите го возвраќаат ударот. Нивните аргументи се дека хомеопатијата е индивидуализиран третман и не може да се анализира како вистинките лекови и дека постоечките негативни клинички испитувања не се фер и адекватни.

Вака или онака, се наоѓаме пред историска можност за конечно решавање на проблемот со хомеопатијата. Да се надеваме дека ФДА ќе ја донесе вистинската одлука.

Поддржете ја нашата работа: