Фејсбук ќе тестира дислајк копче

По постојаните прашања зошто нема копчиња од типот „жал ми е“, „интересно“ или „дислајк“, во прилог на класичното „лајк“ копче со кое корисниците ја искажуваат својата поддршка за одредени објави на социјалната мрежа, Цукерберг реши конечно да им одговори на корисниците.

„Стотици луѓе ме прашале за ова и денес е посебен ден, бидејќи денес е денот кога можам да ви кажам дека работиме на тоа и дека наскоро ќе го тестираме“, изјави Цукерберг на јавната конференција во градското собрание на Менло Парк, Калифорнија. „Ни требаше одредено време да одлучиме, бидејќи не сакаме да го претвориме Фејсбук во форум каде што луѓето гласаат за или против објавите на другите луѓе“.

Тој објасни дека разбира дека е непријатно да се кликне „лајк“ на објави за нечија смрт или на настани како сегашната криза со бегалците и дека треба да има подобар начин за корисниците да можат да ги изразат своите чувства и да сочувствуваат со другите.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt