Швајцарско истражување: Хип-хопот најдобро влијае на вкусот на сирењето

Според швајцарски научници, кои потрошиле шест месеци постојано слушајќи и свирејќи музика на различни инструменти додека правеле сирење, музиката може да го засили неговиот вкус, при што се покажало дека при тоа хип-хопот е поефикасен од делата на Моцарт.

Експериментот е направен така што девет пити Ементалер, тешки по 10 килограми во септември, научниците ги сместиле во засебни дрвени кутии со цел да го испитаат влијанието на музиката врз нивниот мирис и вкус.

Притоа, на питите им свирела „Волшебната флејта” од Моцарт, „Stairway to Heaven” на Лед Цепелин, хип-хоп песната „We Got it From Here“ од „А Трајб Калд Квест“, техно композицијата „UV” на Врил и „Monolithy” на Јелоу.

Шест месеци подоцна и сирењата биле анализирани од страна на технолози за храна со сензорна анализа, проследена со “тест за вкус на слепо” од страна на панел на кулинарски експерти за да се открие дали кај истите има забележлива разлика.

“Утврдивме дека постојат јасни разлики во интензитетот на вкусот и мирисот. Најдобро оценет е примерокот, изложен на хип-хоп музиката, со акцент на овошните ноти.Тој имаше најинтензивен мирис и вкус”, велат експертите од ZHAW Zurich University of Applied Sciences.

Дали метаболичкиот процес на сирењето всушност се менува под влијание на звуци, или постои некоја друга причина поради која овој тим од научници го поврзуваат хип-хопот со сирењето, останува да прочитаме од резултатите од наредната фаза, во која 5 – 10 различни сирења ќе бидат повторно тестирани.

 

Поддржете ја нашата работа: