Физичарите пронајдоа метал кој спроведува електрицитет, но не и топлина

Истражувачи откриле метал кој спроведува електрична енергија без спроведување на топлина – неверојатно корисен дел што пркоси на нашите сегашни разбирања за тоа како работат спроводниците.

Од друга страна законот на Видеман-Франц вели дека спроводниците на електрицитет се пропорционално добри за спроведување на топлина што резултира загревање на домашните апарати и моторите при подолго користење.

Американските истражувачи велат дека ова не е случај со вандиум диоксид (VO2), за кој досега е докажана неговата чудна способност да се префрла од необоен изолатор на 30°C, во спроводлив метал на 67°C температура.

Способен да рефлектира инфрацрвена светлина, а притоа да остане транспарентен за видливата светлина.

“Ова беше сосема неочекувано откритие”, вели водечкиот истражувач од Berkeley Lab’s Materials Sciences Division.

Ова откритие ќе го промени нашето размислување за спроводниците и ќе биде доста корисно, во иднина овој метал може да се користи кај уредите за конвертирање на топлина во електрицитет или за креации за заштита на прозорци кои ќе ја одржуваат внатрешноста на просториите помалку топла.

Истражувачите веќе познаваат и други материјали спроводници на електрицитет повеќе од топлина, но тие карактеристики ги имаат на многу ниски температури под нулата, повеќе од -100 степени, и не можат да се практикуваат.

Вандиум диоксидот пак, ја спроведува топлината на температури далеку над собните, што го прави практичен.

Кога го помешале со други материјали, количината на електрицитет и топлина кои ги спроведувал можела да се прилагодува – кога на него бил додаден тунгстен, температурата при која тој се претворал во метал била намалена и подобро спроведувал топлина.

“Овој материјал може да се користи за да се стабилизира температурата”, вели еден од истражувачите.

Ванадиум диоксидот би можел да се користи за ефикасна и автоматска дисипација на топлина во лето, и за спречување на губитокот на топлина во зима поради слабата спроводливост при ниски температури.

Многу повеќе истражувања треба да се направат на овој збунувачки материјал пред да биде комерцијализиран понатаму, но се чини дека тоа е прилично возбудливо бидејќи сега знаеме дека постојат овие бизарни својства на материјалот на собна температура.

Поддржете ја нашата работа: