Научниците содадоа разградлива батерија

Научниците развија батерија која може сама да се уништи, односно да се распадне ако е изложена на топлина или течност.

Батеријата е со јачина од 2,5 волти и може да напојува еден дигитрон во рок од 15 минути, може да напојува медицински уреди во телата на пациентите или пак да чува доверливи воени тајни, пред да се распадне.

Професорот по механички инжеренинг Реза Монтазами од Државниот универзитет во Ајова вели дека ова е првата практична краткротрајна батерија.

Истражувачите веќе подолго време испитуваат како батериите би можеле безопасно да се разложат во човечкото тело, за да се спречи болката при нивното остранување. Сега истражувачите конечно ја развија оваа литиум-јонска батерија со должина од 5 мм, дебелина од 1 мм. и ширина од 6 мм, која во однос на своите компоненти, стурктура и електрохемиски реакции е слична на комерцијалните батерии, но се разликува по тоа што самата може да се разложи.

Како функционира?

Батеријата содржи анода, катода и електролит сепаратор во рамките на два слоја полимер на база на поливинил алкохол. Кога ќе се стави во вода, полимерот предизвикува батеријата да отече и електродите да се уништат, со што се предизвикува нејзиното распаѓање. Но, сепак содржи наночестички кои не можат да се распаднат, што значи дека оваа батерија не се разложува целосно. Целиот овој процес трае околу половина час. Може да се создадат и помоќни батерии, но би им требало подолго време за да се распаднат.

Овие разградливи батерии може да помогнат во намалувањето на отпадот кој е предизвикан од фрлањето на електрониката.

Истражувањето е објавено во „Journal of Polymer Science“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.