Галактички сончоглед во вселената

Откриена од страна на Пјер Мешен во 1779 г, галаксијата подоцна стана дел од познатиот каталог на неговиот колега -францускиот астроном Шарл Месје, објавен во 1981 г. Двајцата астрономи ја забележаа оваа Галаксија Сончоглед во малото северно соѕвездие „Ловечки кучиња“ (the Hunting Dogs). Сега знаеме дека оваа галаксија е на одалеченост од 27 милиони светлосни години и припаѓа на групата М51– група на галаксии, именувани по својот најсветол член, „Messier 51“, уште една галаксија во облик на спирала наречена Галаксија Вртлог.

Галактичките краци, сончогледи и вртлози се само неколку примери за склоноста на природата кон спирали. Спиралните краци кај галаксиите како што е „Messier 63“ светат силно поради присуството на неодамна формирани сино-бели џиновски ѕвезди и кластери кои може да се забележат и на оваа слика од Хабл.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.