Хабл за својот 28ми роденден испрати фотографија од ѕвездата Харшел 36

Вселенскиот телескоп Хабл, во понеделникот порано од секоја мината година го прослави својот 28ми роденден во Вселената, па не почести со фотографија од од маглината Лагуна. На роденденската фотографија се наоѓа гигантската ѕвезда Харшел 36 за време на експлозија од ултравиолетовото зрачење и бурни ѕвездени ветрови кои создаваат фантастична слика.

Големата ѕвезда е 32 пати поголема од нашето Сонце, а нејзината температура е осум пати повисока од Сончевата. Ѕвездата е стара околу 2 милиони години и се наоѓа 4.000 светлосни години од Земјата

Вселенскиот телескоп Хабл е лансиран на 24 април 1990 година во соработка со Европската вселенска агенција и НАСА. Хабл ја заобиколи нашата планета 163.500 пати, а притоа поминувајќи 6,4 милијарди километри.

Телескопот од тогаш фотографираше 43.500 небески тела. Врз основа на неговите податоци, астрономите објавија над 15 000 научни трудови.

Бидејќи фотографијата е испратена порано, Денес го честитаме неговиот роденден.

Поддржете ја нашата работа: