Генетски модифицирани алги за производство на пластика

Евтиниот јаглеводород се прави со користење на нафта и природен гас, а притоа се ослободува повеќе јаглероден диоксид од кој било друг хемиски процес. Со оглед на се поголемата загриженост за нивото на CO2 во атмосферата, научниците експериментирале за да пронајдат начин како да произведуваат етилен, а да не и наштетуваат на животната средина. Тие постигнале неочекуван успех со цијанобактериите, или попознати како сино-зелени или модро-зелени алги.

Џианпинг Ју од Националната лабораторија за обновлива енергија (NREL) го предводи истражувачкиот тим кој работи со овие организми. Тие успеале да произведат етилен од генетски модифицирани алги.

Научниците го постигнале тоа со вметнување на ген кој го контролира ензимот кој произведува етилен, на тој начин ефикасно менувајќи го метаболизмот на цианобактериите. Така, при фотосинтезата, јаглеродниот диоксид кој вообичаено се користи за да се произведе шеќер и скроб, се претворал во етилен и се ослободувал, а бидејќи етиленот е гас, лесно може да се собере. За целиот тој процес било потребно само вода, некои минерали, светлина, и извор на јаглерод.

Научниците ќе продолжат со истражувања за да претворат што е можно повеќе јаглерод во етилен.

Ако овој алтернативен метод на производство е доволно ефикасен, би можел да го замени сегашниот, при кој се ослободува 1,5 – 3 тони јаглерод диоксид на еден тон етилен.

Поддржете ја нашата работа: