Крај за најголемиот авион на светот: Ербас го прекинува производството на А380

СПОДЕЛИ

Европскиот произведувач на авиони, „Ербас“, ќе престане да го произведува прочуениот A380 суперџамбо, најголемиот патнички авион на светот.

Компанијата соопштила дека последните модели ќе бидат испорачани во 2021-ва година, а Би-Би-Си известува дека главниот виновник за оваа одлука е авио-превозникот Емират, од каде рекле дека треба да се намали нарачката од 162 на 123 авиони.
Скапиот A380 тешко се справува со конкурентните, помали и поекономични модели, иако како што велат во Ербас, патниците го сакале.„Луѓето од целиот свет со задоволство летаа со него. И поради тоа, оваа вест е посебно болна“, напишале во изјавата.

Престанокот на производството на А380 ќе загрози од 3.000 до 5.000 работни места. Само во Велика Британија на негово производство работат речиси 10.000 луѓе.

Суперџамбо има два спрата, а во него собира до 853 патници.

Дискусија

Коментари