Овој генијален будилник што зборува, наречен „Ruggie“ (чергиче), е дело на Винсон Том и не може да го исклучите без да станете.
Внатре во чергичето се наоѓаат сензори за притисок. Алармот се исклучува единствено ако со двете нозе стапнете и стоите на него три секунди, па затоа нема шанси да не станете.
Алармот се подесува преку скриени контроли, а може да одредите колку долго да стоите на него за да го исклучите. Може и да го подесите како сакате да ве „мотивира“ наутро – на пример „Спремен си да растуриш денеска“, или „Ајде, можеш ти“.
Компанијата е во процес на собирање средства за да почне со производство во јули 2016 година.
enauka.mk
9,246наслови од 2014 година
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано≈ 50,000
Facebook следбенициВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.




























