Германија и Франција сакаат да ги читаат сите пораки на „Whatsapp“

Франција и Германија бараат од Европската унија да им дозволи пристап до апликациите за размена на пораки на интернет. Двете држави ќе побараат од Европската комисија да ги принуди технолошките компании да ја ограничат енкрипцијата, која се користи за пораките кои се праќаат на интернет да останат приватни.

Правилото ќе се предложи како начин да им се помогне на владите да ги контролираат телекомуникациите меѓу осомничените терористи. Француското Министерство за внатрешни работи вели дека ќе ги користи своите моќи за да ги надгледува луѓето кои се веќе под истрага.

Но, активистите за приватност во комуникациите велат дека енкрипцијата не смее да се намали само од таа причина. Доколку технолошките компании овозможат да се чита било која порака, овие услуги престануваат да бидат приватни.

Освен тоа, активистите велат дека таквата технологија е најважна за сета комуникација на интернет да остане приватна. Освен што се користи во апликациите за разменување пораки, енкрипцијата осигурува и дека банкарските трансакции и другите значајни и интимни информации остануваат приватни.

Предлогот е најавен од францускиот министер за внатрешни работи, Бернард Казнев. Вели дека тој и неговиот германски колега ќе побараат од Европската комисија да ја намали енкрипцијата на целиот континент, на самит на ЕУ наредниот месец.

Информацијата е добиена во соработка со radiomof.mk

Поддржете ја нашата работа: