Научниците од Универзитетот Во Штудгарт, Германија, направиле толку минијатурна камера што може да се внесе во телото преку шприц.
Со помош на т.н. „фемтосекунден систем за директно ласерско пишување“, тие испечатиле троделни 3Д леќи со величина колку зрнце сол на завршетокот на оптички кабел кој е со дебелина колку човечко влакно. Истражувачите велат дека уредот може да се инјектира во делови до кои претходно беше тешко да се пристапи, како што е внатрешноста на органите – па дури и мозокот.
Откако ќе се внесе во телото, камерата може да прави слики во висока резолуција од ткивото на само 3 мм оддалеченост од камерата. Досега, вакви минијатурни висококвалитетни камери беше невозможно да се изработат. Но, зачудувачки, велат истражувачите, тие ги дизајнирале, ги изработиле и ги тестирале камерите за само неколку часа.
Камерата може исто така да најде и друга примена, меѓудругото и во скриените безбедносни системи или за микро роботите.
Процесот е опишан во „Nature Photonics“.