Дарко Божиноски, докторант по информатика е полуфиналист на натпреварот „Technology Idea“ (Tech-I) организиран од Американската асоцијација за развој на науката и Државниот секретаријат на САД.
Натпреварот е дел од иницијативата „Глобална иновација преку наука и технологија“ (Global Innovation through Science and Technology).
Проектот на Божиноски “Agriculture Drones MK“, во конкуреција од 1000 проекти, успеа да влезе меѓу 102 полуфиналисти. Оценувањето од страна на експертската комисија моментално е завршено, а за влез во финалната фаза на Божиноски му е потребна поддршка од публиката.
Публиката може да гласа за проектот до 1 мај, заедно со проектите на останатите полуфиналисти. Бројот на гласови, заедно со поените од експертската комисија, ќе одлучат кои проекти ќе одат во финалната фаза и ќе може да ја презентираат својата идеја на „Global Entrepreneurship Summit 2016“ (GES) кој ќе се одржи во Силиконската долина во САД во јуни.
Може да гласате на следниот линк. Потребно е да се регистрирате и може да гласате секој ден (после 24 часа од вашиот последен глас).
Повеќе за проектот може да погледнете на следното видео: