Гласајте за најдобра биофотографија на тема „Крилјата над Македонија“

Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) ги објави пристигнатите дела од конкурсот за биофотографија „Крилјата над Македонија“, кој годинава како главен мотив ги има птиците во Македонија.

Гласањето на Фејсбук за најдобрите фотографии започна на 22-ри април, а ќе трае до 22-ри мај 2016 година. Фотографиите се оценуваат според: „лајкови“ на Фејсбук, гласови од жирито и гласови од Претседателството на ИДСБ.

Пријавените фотографии може да ги погледнете на официјалната Фејсбук страница на конкурсот или на следниов линк.

Поддржете ја нашата работа: