Со задоволство ве информираме дека шесттиот по ред конкурс за биофотографија е официјално отворен со тема: ,,Крилјата над Македонија”.
Конкурсот го организира Истражувачкото друштво на Студенти Биолози во Македонија и трае до 20-ти април.
И оваа година конкурсот е тематски. Како главен мотив на делата треба да бидат видови на птици кои се сретнуваат во нашата земја.
Сите заинтересирани може да ги испратат фотографиите исклучиво на официјалниот мејл на конкурсот: biofotokonkurs@gmail.com.
Повеќе информации за правилата може да прочитате на официјалниот веб сајт на Истражувачкото друштво на студенти биолози или на нивната Фејсбук фан страница.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























