Гумата за џвакање создава туристички атракции

Колку и да звучи неверојатно, не е шега. Залепени гуми за џвакање помогнале одредени локации да се претворат во интересни места за посети на туристите. За едни е несфатливо, но за други функционира. Во Америка три града може да се пофалат со такви места… ако е за пофалба.

Во градот Сан Луис Обиспо во Калифорнија има Улица на гуми за џвакање. Наводно оваа улица настанала од натпревар меѓу ученици кој ќе залепи повеќе мастики за ѕидот, а подоцна едноставно работата излегла од контрола, па станала туристичка атракција. Улицата е долга 20 метри.

Во центарот на Сиетл има Ѕид на гумите за џвакање. Жителите на градот почнале да ги лепат на ѕидот пред дваесетина години, чекајќи на ред да купат влезници за блискиот театар. Со текот на годините, на изџваканите остатоци оставале и пораки, потсетници и фотографии. Во 2015-та година, ѕидот беше целосно исчистен, но набрзо потоа посетителите повторно започнаа со лепење на мастики.

Друг Ѕид на мастики има во градот Гринвил и тоа на објект кадешто се продава брза храна. Без коментар.

Во соработка со: Gostivarpress.mk

 

Поддржете ја нашата работа: