Уганда – Диктатор како туристичка атракција

СПОДЕЛИ

Африканската држава Уганда се надева дека ќе може да привлече туристи со помош на еден од најмрачните периоди од нејзината национална историја.

Властите размислуваат да отворат музеј каде ќе бидат документирани сите злосторства направени за осумгодишното владеење на поранешниот претседател, Иди Амин.

„Сакаме на туристите да им ги прикажеме работите онакви какви што навистина беа, од историјата не може да се побегне“, изјавил за Би-Би-Си, директорот на туристичката заедница, Стивен Асимуе. Воениот музеј што треба да се изгради ќе ја прикаже претколонијалната и пост-клонијалната историја на Уганда, поранешна британска колонија.

Сепак, ставовите на народот околу најновиот владин проект се поделени.

„Општеството е поделено. Има луѓе кои за Амин не може да кажат ништо добро. И утре, не само што нема да го посетат, туку би можеле и да го запалат местото“, предупредува Џон Семпебуа, заменик – директор на туристичката заедница.

Иди Амин дојде на власт во Уганда во 1971 година, помалку од десет години откако Уганда стекна независност од Британија. Се верува дека под негово водство се убиени повеќе од 400 илјади луѓе.

Од народот барал да го нарекуваат „гоелмиот татко“. Се прогласил за крал на Шкотска и сам си доделил Викториин крст. Го забранил хипи движењето и кратките сукњи. Во 1973 од власт го симнале војниците од Танзанија и протерани жители на Уганда. Почина 2003 година во Саудиска Арабија.

Дискусија

Коментари