Канадскиот град кој стана туристичка атракција поради своите глечери

Островот Њуфаундленд се наоѓа во северозападниот дел на Атлантскиот Океан и е дел од источната канадска провинција Њуфаундленд и Лабрадор. Малиот град на островот Њуфаундленд во Канада стана вистинска туристичка атракција благодарение на глечерите кои се појавија уште во текот на викендот околу Велигден.

Имено, автопатот во близина на градот Фериленд бил целосно блокиран, бидејќи многу фотографи(како професионалци така и аматери) сакале да ги овековечат единствените моменти во овие ледени планини.

Оваа област по должината на брегот на Њуфаундленд и Лабрадор е инаку позната како “алејата на ледениот брег”, благодарение на голем број ледени блокови кои редовно се појавуваат секоја пролет. Посетата со истите бродски тури е дел од стандардната туристичка понуда, но овој пат привлекол повеќе луѓе на копното од вообичаеното.

Првите санти мраз, кои се појавиле оваа пролет се поприлично големи и особено интересни бидејќи се наоѓаат во близина на брегот и се идеални за фотографирање. Инаку, познато е дека поголемиот дел од мразот е всушност под површината на водата, а над водата се гледа само неговиот врв.

Градоначалникот Адријан Кавана им објаснил на новинарите дека глечерите обично остануваат таму каде што се до периодот на доцна пролет или почетокот на летото, но овој пат, се чини дека ќе останат малку подолго. Ова се добри вести за организаторите на патувањата,поради она што се нарекува атракција, но и поради сезоната на глечерите која генерално е доста популарна. Стотици глечери се наоѓаат на Атлантикот, а тоа е многу повеќе од она што нормално би било вообичаено за овој период од годината во овие области.



НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.