Што се случува кога ќе проголтате гума за џвакање?

CWA7MD Young woman blowing bubble gum

Веројатно уште како деца сте слушнале дека ако проголтате гума за џвакање таа ќе остане во вашиот стомак цели седум години.

Сепак, што вели науката за ова? Видео сериите „Reactions“ на Американското здружение на хемичари го следи целиот процес што се одвива во системот за варење во телото, и открива дека иако некои гуми за џвакање може да ја преживеат дигестијата, „тоа не значи дека гумата за џвакање што сте ја проголтале уште во средно училиште сѐ уште е тука“.

Кога јадеме, забите заедно со јазикот ја дробат храната во мали делови. Потоа со помош на движењата на мускулатурата, храната се потиснува подолу во дигестивниот систем  додека на неа делуваат дигестивните сокови, како што е прикажано подолу.

None animated GIF

Додека ова се случува, ензимите од плунката, желудникот и цревата предизвикуваат хемиски процеси што ја претвораат храната во хранливи материи што организмот може да ги искористи. Потоа, киселините во стомакот го раствораат она што е останато од храната, претварајќи го во смеса која лесно може да помине низ цревата и на крај да се исфрли надвор.

Меѓутоа, гумите за џвакање не се направени да можат лесно да се дигестираат во телото како обичната храна. Тие содржат или природна или вештачка гумена база што им ја дава карактеристичната конзистенција. Бутил каучукот што обично се користи во гумите за џвакање (истиот се користи и во гумите и топките) е синтетичка гума што овозможува гумата за џвакање да може добро да се џвака.

Бидејќи гумата за џвакање не може да ја здробите со забите, таа поминува низ дигестивниот систем како едно големо купче.

None animated GIF

Иако ензимите можат да ги разложат шеќерите, маснотиите и алкохолот што се наоѓаат во гумата за џвакање, гумената база што ја содржи е отпорна на овие ензими. Дури и јаката киселина што се наоѓа во желудникот не е доволна да ја разложи оваа гумена база и како резултат на ова, гумата за џвакање ги „преживува“ сите обиди од дигестивниот систем да ја разложи.

Меѓутоа, иако гумата за џвакање е доволно отпорна да ги издржи процесите на дигестија, тоа не ја спречува мускулатурата да ја истурка низ дигестивниот систем и на крај да ја исфрли надвор, во рок од два дена.

За да дознаете повеќе, погледнете го видеото.

Поддржете ја нашата работа: