Хируршката анестезија кај малите деца има ефекти на мозокот

Тимот на истражувачи и претходно објавувал истражувања за клеточна смрт, трајно бришење на невроните и неврокогнитивно ослабување кај лабораториски стаорци и глувци, откако биле изложени на анестезија. Овие истражувања ја зголемиле загриженоста за слични ефекти кај малите деца кои се наоѓаат во особено чувствителен период на невро-развој, што може да доведе до долгорочни функционални абнормалности.

Во текот на сегашното ретроспективно истражување, истражувачите ги споредувале резултатите од едно истражување за развој на јазикот кај 53 здрави деца (на возраст од 5 до 18 години) со резултатите на 53 деца на иста возраст кои биле подложени на операција пред својата 4-та година од животот. (Децата вклучени во истражувањето немале никаква историја на невролошки или психички заболувања, трауми и сл.)

Децата кои биле изложени на операција, односно антестезија, покажале значително помали резултати во вежбите за слушање, разбирање и интелигенција. Тоа било поврзано со помалата густина на сивата материја во окципиталниот кортекс и малиот мозок.

Истражувачите нагласуваат дека целта на ова истражување е да се подобри безбедноста на децата кои страдаат од некој сериозен здравствен проблем кој мора да се третира со операција. Но, и покрај потребата за подобри методи на применување на анестезијата, сегашните се сосема безбедни. Андреас Лепке, водачот на истражувањето, ги советува родителите да дискутираат со својот педијатар и хирург за ризиците од хируршката процедура, како и потенцијалниот ризик од анестезијата, во споредба со ризиците од одложувањето на операцијата.

Авторите препорачуваат дополнителни истражувања за прецизно да се утврди молекуларниот ефект на анестезијата врз мозокот и нејзиниот придонес за намалената функција и состав на мозокот. Во меѓувреме, тие активно бараат алтернативни техники за анестезија.

Истражувањето е објавено во „Pediatrics“.

Поддржете ја нашата работа: