Група јапонски научници создадоа холограми што може да се допрат – три димензионални виртуелни објекти со коишто може да се манипулира со помош на човечката рака.
Со помош на ласерска технологија, научниците развиле систем кој испушта ласерски импулси со висока фреквенција кои траат еден милионити дел од еден милијардити дел од секундата. Импулсите реагираат на човечки допир на тој начин што кога ќе се прекинат, пикселите на холограмот може да се манипулираат во воздухот.
Еден од водечките истражувачи, д-р Јоичи Очиаи од Универзитетот Цукуба, верува дека оваа технологија може да се користи за забава, како и за архитектонски и медицински цели. Тој вели дека сегашната состојба на светлосната технологија не им овозможува на луѓето проактивно да комуницираат и да ја чувствуваат светлината како материја, но овој холограм има потенцијал да го промени тоа. Нема да може да ги почувствувате сликите или видеата, но ќе може да манипулирате со нив преку допир.