Huawei инвестира две милијарди долари во сајбер сигурност

Со цел да го оправда својот имиџ, кинеската компанија Huawei во идните пет години ќе вложи две милијарди долари во својот сектор за сајбер сигурност во внатрешноста на компанијата.

Кинеската компанија Huawei се посвети на отстранување на негативната и според нив лажна репутација на компанијата чии производи се поврзани со шпионски активности на официјалната кинеска власт.

Првиот чекор за кој компанијата се одлучи да го превземе е да вложи во поквалитетна опрема и персонал во одделот за сајбер сигурност. На конференцијата за новинари, Huawei објави дека во идните 5 години ќе вложи 2 милијарди долари на ова поле.

Целта е да се отстранат загриженоста и сомнежите на поединечни телекомуникациски оператори како потенцијални клиенти на компанијата. Во Huawei исто така напоменуваат дека тврдењата насочени против компанијата и сигурноста на нејзините производи би требало да бидат бизарни исклучиво на докази и факти.

enauka.mk
9,247наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,312денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.