Иднината на електроните

На средбата на Американската Асоцијација за напредна наука, научниците од Универзитетот во Охајо, САД  го претставија напредокот во развојот на новата форма на германиумот наречена – германан (germanane).

Тие во 2013 година први создадоа лист од германан со дебелина на еден атом – лист толку тенок што може да се смета за дводимензионален. Оттогаш, работејќи со различни атомски врски по површината и дното на листот, создадоа хибридна верзија на овој материјал кој во себе има инкорпорирано и други атоми, како на пр. тие од калај.

Целта е да се направи материјал што не само што ќе пренесува атоми 10 пати побрзо од силициумот, но исто така и подобро ќе апсорбира и емитува светлина – клучната карактеристика за унапредување на ефикасноста на LED-диодите и ласерите.

Како што создаваат различни варијации на форми на германан, научниците се обидуваат да ги искористат традиционалните методи за производство на силициум, за да го направат овој напредок лесно прифатлив за индустријата.

Покрај оваа примена како полупроводник, постојат бројни претпоставки дека верзијата со калај од овој материјал, може да спроведува електрична енергија со 100% ефикасност на собна температура. Атомот од калај којшто е потежок, му овозможува на материјалот да стане 2Д „тополошки изолатор“ кој спроведува електрична енергија само по рабовите.

Научниците покажале дека овој материјал може да биде хемиски стабилен. Тие создале германан со инкорпорирани атоми од калај до 9 проценти. Научниците сега прават подготовки за создавање на 2Д  деривати на чист калај.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

 

Поддржете ја нашата работа: