Што не штити од „електроните убијци“?

Бариерата на  движењето на честичките е откриена во радијациските појаси Ван Ален, кои претставуваат два прстена со облик на крофна, над Земјата, полни со високо наелектризирани  електрони и протони. Сместени се од страна на Земјиното магнетно поле и периодично се зголемуваат и намалуваат како одговор на енергетските пречки од Сонцето.

Појасите Ван Ален се откриени во 1958 година од страна на професорот Џејмс Ван Ален и неговиот тим од Универзитетот во Ајова. Надворешниот и внатрешниот појас се протегаат околу 25.000 милји (40.000 км) над Земјата.

Најновата  мистерија се врти околу „исклучително острата” граница на внатрешниот раб на надворешниот појас на околу 7.200 милји (11.500 км) во височина, која се појавува за да ги блокира електроните да не го пробијат штитот и да не се движат подлабоко кон атмосферата на Земјата.

“Тоа е речиси како  електроните да се одбиваат од стаклен ѕид во просторот”, вели Бејкер, главен автор на студијата. “Нешто како штитови креирани од моќни полиња на „Ѕвездени патеки“, кои биле користени за одбрана од непријателски напади. Сведоци сме на невидлив штит кој ги блокира овие електрони. Тоа е крајно збунувачки феномен”.

Тимот  првично  мислел дека  високо наелектризираните електрони, кои се врзуваат околу Земјата во повеќе од 100.000 милји (околу 160.000 км) во секунда, полека ќе лебдат надолу во горниот дел од атмосферата и постепено ќе бидат поттиснати во интеракција со молекулите на воздухот. Но, непробојната бариера на појасите Ван Ален ги запира електроните пред тие да стигнат толку далеку.

Разгледани се голем број на сценарија за тоа како би можело да се создаде и да се одржи таквата бариера, како на пр. тоа дека има некаква поврзаност со магнетното поле на Земјата, кое ги заробува и ги контролира протоните и електроните, како и поврзаноста на радио сигналите од трансмитерите на Земјата со расфрлањето на наелектризираните електрони во бариерата, меѓутоа ниту едно од овие објаснувања не е научно потврдено. Научниците ќе продолжат со детална опсервација на регионот со цел што поскоро да го објаснат овој феномен.

Студијата на оваа тема е објавена на 27 ноември списанието „ Nature“.

Поддржете ја нашата работа: