Илјадници нетретирани случаи на маларија поради епидемијата на ебола

Научниците го споредувале бројот на заболени од маларија пред и по епидемијата на ебола, во 60 здравствени установи од 4 места кои не биле погодени од ебола и во 60 здравствени установи кои биле најмногу погодени од ебола. Исто така бил анализирал и бројот на издадени рецепти пред и за време на епидемијата.

Резултатите покажале дека во 2014 година, во Гвинеја, имало 74 илјади нетретирани случаи на маларија. Третманот на маларија во оние области кои биле најтешко погодени од ебола, се намалил за 42%. И бројот на лица кои побарале третман за маларија се намалил за 69%.

Научниците велат дека луѓето најверојатно не сакале да одат во здравствените центри за да не се заразат со ебола. Но, проблемот е што првите симптоми на маларија се слични со оние на ебола. Поради толку многу нетретирани случаи, бројот на смртни случаи предизвикани од маларија може да го надмине бројот на оние предизвикани од ебола, што во моментов изнесува 2.444.

Светската здравствена организација препорачува да се даваат лекови за маларија на сите оние кои имаат треска, особено во оние области погодени од ебола. Мора да се контролира маларијата за да не се појави уште една епидемија, а воедно и да не се наштети и справувањето со веќе постоечката епидемија на ебола. Истражувањето е објавено во списанието „Lancet Infectious Diseases“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.