Имагинарен ручек – пат до слабеењето

Научниците од лабораторијата „Салк“ развија уште поефективно апче за слабеење, кое за разлика од другите апчиња на пазарот, не се раствора во крвта, туку останува во цревата, предизвикувајќи помалку несакани дејства.

Новото апче делува како „имагинарен оброк“, односно го измамува телото да реагира исто како да конзумирало калории, со што предизвикува да се „топат“ мастите, а всушност нема калории и нема промена во апетитот.

Научниците, веќе со децении го проучувале рецепторот „farnesoid X“ (FXR), што претставува протеин кој игра голема улога во тоа како телото ги ослободува жолчните киселини, како ја дигестира храната и како ги складира мастите и шеќерите во телото. Човечкото тело го активира протеинот на почетокот на оброкот за да се подготви за приливот на храна. Притоа, тој не само што го предизвикува ослободувањето на жолчните киселини, туку и предизвикува телото да „гори“ некои од мастите за да се подготви за претстојниот оброк.

Фармацевтските компании, со цел да го излечат дијабетесот, дебелината, болестите на црниот дроб, како и многу други болести поврзани со метаболизмот, веќе развиле систематски лекови кои го активираат протеинот „FXR“, меѓутоа тие влијаат на неколку други органи и имаат несакани последици. Така, научниците од лабораторијата „Салк“ се запрашале дали ако се активира „FXR“ само во цревата, резулатот би бил поинаков.

За таа цел, тие го тестирале соединението, наречено фексарамин (fexaramine), на дебели глувци. Научниците секој ден им давале на глувците по едно апче од фексарамин, во рок од пет недели и тоа ефективно го спречило зголемувањето на тежината, го намалило нивото на холестерол, го контролирало шеќерот во крвта и ја зголемило телесната температура, што укажува на забрзување на метаболизмот. Покрај тоа, некои депозити на бело масно ткиво се претвориле во поздраво „беж“ масно ткиво кое се согорува за енергија. Со сите овие ефекти, фексараминот станал одличен кандидат за што побрзо клиничко тестирање на луѓе.

„Наодите покажуваат дека кога лекот се зема орално, дејствува само во стомакот“, објаснуваат научниците. „Конзумирањето на ваквиот лек во форма на дневно апче што доаѓа само до цревата, без да се пренесува во крвотокот кој би го разнел низ целото тело, не само што ги намалува несаканите дејства, туку и подобро го спречува зголемувањето на тежината“.

Ова може да претставува ефективен третман за дијабетесот од тип 2, за дебелината и за многу други болести поврзани со метаболизмот, па научниците се обидуваат што е можно побрзо да започнат со клиничките тестирања. Истражувањето е објавено во „Nature Medicine“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.