Како безбедно да ја намалите својата телесна тежина?

Кога се обидувате да ја намaлите својата телесна тежина, сакате килограмите да се намалуваат колку што е можно побрзо. Но, кога го менувате вашето тело, постои граница до која може да го правите тоа без сериозно да му наштетите на вашето здравје. Каде се наоѓа таа граница и не е секогаш јасно.

Брзото губење на тежината може да има непријатни последици, а најчесто и не е ефикасно бидејќи луѓето кои многу брзо ќе изгубат многу килограми имаат тенденција и брзо да си ги вратат назад.

„Livestrong“ ни нуди листа на можните несакани последици, кои вклучуваат замор, гадење, дијареа, запек, камен на жолчка и губење на косата.

Несоодветната исхрана, која би потекнала од строга диета која строго ја ограничува вашата храна, може да предизвика вртоглавици и замор, а Националната здравствена служба на Обединетото Кралство додава дека може да доведе и до потешкотии при концентрирањето или одржувањето на топлината на телото, како и депресија. Недостатокот на потребните хранливи материи исто така може да ве направи поподложни на инфекции.

Според „Livestrong“, овие несакани последици се јавуваат и од брзото губење на тежината кое воопшто не изгледа брзо, односно од губење на 1,3 или повеќе килограми неделно, што е еднакво на јадење на помалку од 800 калории дневно. Губењето на тежината треба да биде постепено, велат експертите.

Пристапот кон губењето на тежината треба да биде пријатен и да може да се одржи во текот на подолг рок. Препораките велат дека треба да се започне со цел да се изгуби 5 до 10 проценти од тежината во текот на 6 месеци, според „Live Science“.

На пример, едно лице кое тежи 113 килограми и сака да ослабе, треба да изгуби од 5 до 11 килограми во текот на 6 месеци, или околу 0,9 до 1,8 килограми месечно. Половина килограм, или неколку грама можеби не звучат како многу, но се собираат.

Клиниката Мејо препорачува губење од половина до 1 килограм неделно, иако додава дека некогаш лицето може да ослабе и неколку килограми во текот на првите недели, а потоа да одржи стабилно губење на тежината од половина до 1 килограм неделно.

Уште една причина која покажува дека постепеното слабеење е правилно е фактот дека вашето тело може да ги задржува мастите, а да согорува вода и мускули бидејќи мисли дека изгладнувате, според „Women’s Health“. За да бидат работите уште полоши, многу е потешко да се согоруваат калории кога сте изгубиле мускулна маса.

Затоа, полека и стабилно и на крајот ќе ја постигнете посакуваната тежина.

Поддржете ја нашата работа: