Колку брзо може да го обликувате вашето тело со вежбање?

Мали промени во животниот стил може да доведат до големи придобивки. Ако сакате да го обликувате вашето тело со намалување на мастите, а градење на мускулите, нема да ви треба толку долго време како што мислите.

Многу здравствени режими велат дека може да изгубите и до неколку килограми неделно преку комбинација на вежби, хидратација и промени во исхраната. Но, толку брзото губење на тежината може да биде штетно по здравјето – ако на пример промените во исхраната вклучуваат невнесување на хранливите материи кои му се потребни на телото за да функционира.

Покрај тоа, оние лица кои брзо ќе ослабат најчесто и брзо си ја враќаат тежината назад, бидејќи брзо се враќаат на старите навики.

Исто така, со ваквите брзи диети, килограмите кои ќе ги изгубите може да не бидат мастите од коишто сте сакале да се ослободите од самиот почеток.

Како што ни објаснува „Women’s Health“, кога губите премногу килограми за премногу брзо време, вашето тело мисли дека гладувате, па наместо да ги согорува калориите, тоа ги чува во форма на масти. Па, кога вагата покажува помалку килограми, тие најверојатно се поради губење на мускулната маса, или водата. За проблемот да биде уште поголем, со губењето на мускулната маса уште потешко се согоруваат калориите.

Клиниката Мајо препорачува губење на околу половина до еден килограм неделно. Тоа можеби ви изгледа малце, но во текот на една година би изгубиле од 24 до 48 килограми, што воопшто не е за потценување.

Што се однесува на оформувањето на мускулите, според „Muscle & Fitness“, можно е да се добијат по неколку грама мускули неделно (килограми месечно), иако тоа не значи дека е одржливо во текот на подолг временски рок.

Во тоа време, исхраната е подеднакво важна како и кревањето тегови. Може да вежбате колку сакате, но ако не ги внесувате соодветните хранливи материи нема да изградите мускули. Исто така, особено е важно да стекнете фитнес рутина и да се придржувате до неа. И запомнете, што јадете и кога јадете е најважно за да ги постигнете посакуваните резултати!

Поддржете ја нашата работа: