Независно од никотинот, тинејџерите пушат цигари за да ослабат

Повеќето лекари и експерти за јавно здравје сметаат дека луѓето пушат бидејќи се зависни од никотин. Една група од научници од Универзитетот Корнел установила дека тинејџерите кои се дебели или мислат дека се, почнуваат да пушат за да ослабат.

Во САД, најчестите пушачи се токму тинејџерите, 46 отсто момчиња и 30 отсто девојчиња пушат за на тој начин да ја контролираат телесната тежина, се вели во студијата.

Оваа студија за прв пат директно го поставила прашањето дали почнале да пушат за да изгубат килограми. Анализирани се скоро 10.500 на училишна возраст од 11 до 18 години. Биле прашувани и за својата перцепција за тежината која ја имаат, дали се слаби, премногу дебели или имаат соодветна тежина.

Девојчињата кои мислеле дека се дебели, дури 225 посто пушат често за да ослабат, отколку оние кои мислат дека нивната тежина е нормална. За момчињата, вишокот на килограми помалку прикажува дека ќе пушат, можеби заради социјалното мислење дека девојчињата треба да бидат потенки и помали.

„Сепак и момчињата кои мислат дека се дебели, 145 пати е поверојатно да почнат да пушат за да ослабат отколку момчињата со примерна тежина. Ова помага подобро да се разбере зошто луѓето се однесуваат ризично. Не се работи само за моментално уживање, туку некогаш тоа е нешто друго“, вели Проф. Џон Колеи кој ја предводел студијата.

Пушењето во текот на адолесценцијата е она што го загрижува општеството, бидејќи оние кои почнуваат да пушат пред дваесет години, најверојатно, ќе продолжат понатаму. Истражувачите го примениле добро познатиот економски концепт во изведената студија за да помогнат во објаснување на пушењето кај адолесцентите.

Научните истражувања покажуваат дека пушењето го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот. Дури и ако тоа не е точно, луѓето веруваат дека е, а тоа предизвикува побарувачка на цигари. Познавајќи повеќе причини за пушење кај децата може да дојдеме до превенција, заклучуваат научниците.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.