Истражувачката група предводена од страна на научникот Тед Скамбос од Универзитетот Колорадо, Боулдер, го забележа овој рекорд со анализа на сателитските мерења на јужниот континент.
Истражувачите ја забележаа најниската температура на Земјината површина која изнесува -98,6 степени Целзиусови на Антарктикот во текот на долгата поларна зима.
Вкупно забележани се 150 случаеви кога температурата паднала под нулата во поларниот регион во период помеѓу 2004 и 2016 година. Своите податоци се објавени во списанието Advancing Earth and Space Sciences.
До 25ти јуни, денот кога е објавен и овој податок, најниската температура била измерена во рускиот истражувачки центар Восток на истиот континент на 23 јули 983 година кога истата паднала 89,2 степени Целзиусови под нулата.