2015 година беше инспиративна и успешна година за биомедицинските науки, каде што сведочевме неколку големи откритија – од трансплантација на лице до нов метод за запишување на нашата ДНК. Еве кои медицински достигнувања ја одбележаа оваа година:
11 Контроверзен метод за уредување на гените
Кон крајот на 2014 година беше откриен лесен метод за уредување на гените, по што следеа многубројни ветувања како генетска модификација на човечки ембриони или органи со што ќе се стави крај на недостатокот на органи за трансплантација.
Оваа година, методот за уредување на гени „CRISPR-Cas9“ ја заслужи наградата за откритие на годината, надминувајќи други исто така многу важни настани, како откривањето на „Homo Naledi“ – претходно непознат предок на човекот и мисијата до Плутон која за прв пат им овозможи на научниците одблиску да го видат Плутон и неговите месечини.
22 Трансплантација на лице
Патрик Хардисон, пожарникар кој претрпе големи изгореници на лицето од пожар во 2001 година, во август 2015 година беше подложен на операција на лицето за која беа потребни повеќе од 26 часа и повеќе од 100 лица, за успешно да му биде трансплантирано целото лице.
Операцијата вклучувала целосно отсекување на лицето на донорот, кој меѓу другите карактеристики имал и иста крвна група и иста големина на лицето како Хардисон, целосно отстранување и потоа успешно пресадување на лицето на Хардисон.
33 Шприц кој сопира крварење од отворени рани за помалку од минута
Тешките повреди треба да се санираат колку што е можно побрзо и во некои ситуации разликата помеѓу животот и смртта може да биде во само неколку секунди. Во 2015 година, ФДА одобри уред кој наликува на шприц и инјектира мали сунѓери во длабоки рани кои кога ќе дојдат во контакт со крвта се шират и ја затвораат раната додека на лицето да му се укаже соодветна медицинска помош.
44 Трансплантација на пенис
Само неколку месеци откако успешно беше извршена најобемната трансплантација на лице што досега е направена, хирурзите од САД најавија дека во рок од неколку месеци ќе ја направат и првата трансплантација на пенис извршена во земјата.
Досега се извршени само две трансплантации на пенис во светот од кои само една завршила успешно. Ова ќе биде третата ваква трансплантација и ако биде успешна, хируршкиот тим од Медицинскиот факултет од Универзитетот Џон Хопкинс вели дека ќе продолжи да работи со ветераните кои претрпеле трауматски повреди на гениталиите на бојното поле.
55 Подобрување на имунолошкиот систем за да се бори против ракот
После долги години на разочарувања и празни соништа, во 2015 година лековите кои го користат имунолошкиот систем за да се борат против рак конечно станаа реалност. Озборуваниот случај на поранешниот претседател Џими Картер кој го користел лекот „Keytruda“ за лекување на меланом, како и неодамнешните тестирања кои се покажале негативни, сугерираат дека оваа терапија е уште една алатка за борбата против ракот.
66 Напредок на протетиката
Додека поголемиот дел од оваа технологија е се’ уште премногу скап за просечните граѓани, протетиката доживеа огромен напредок во 2015 година. Научниците од Џонс Хопкинс создадоа роботска рака контролирана од мислите на 28 годишен човек со парализа. Софи де Оливеира Барата користи силикон и други материјали за да создаде неверојатно реалистични прилагодени протетски екстремитети. Инженерите од Универзитетот во Сарбрикен дизајнираа бионичка рака која користи тенки нишки на сензори за движење од никел и титаниум, за да управува со движењето.
77 Одобрена првата вакцина за денга
Во декември 2015 година, после децении на истражувања, мексиканската влада ја одобри првата вакцина за денга – најбрзо растечката болест на светот, предизвикана од комарци. Денгата претставува закана за околу половина од светската популација, со оглед на фактот дека годишно се инфицираат околу 400 милиони луѓе.
Но, бидејќи болеста има 4 различни видови, на истражувачите им е тешко да пронајдат лек кој ќе биде ефикасен за сите. Новата вакцина претставува ветубачки почеток.
88 Одобрен првиот лек за сексуална дисфункција кај жените
Во 2015 година беше постигнат огромен напредок во областа на сексуалното здравје кај жените. ФДА го одобри лекот „Addyi“, дизајниран за да ја зголеми сексуалната желба кај жените. Изненадувачки, не доживеа успех на пазарот, но и покрај тоа може да доведе до понатамошни лекови за жените со сексуална дисфункција.
99 Големи напори за искоренување на ХИВ/СИДА
Во 2015 година имаше големи подобрувања во начинот на кој го третираме и спречуваме ХИВ вирусот и Синдромот на стекнат имунолошки дефицит, односно СИДА.
Вакцината против СИДА полека го пробува патот до испитувања на човекот, апчињата за превенција на ХИВ се покажуваат ефикасни и инекциите против ХИВ кои треба да се земаат само еднаш месечно полека стануваат реалност.