Интерстициум – најголемиот орган во човечкото тело кој досега останал незабележан

Научниците откриле досега непознат орган во човечкото тело кој би можел да помогне за подобро да се разбере ширењето на ракот.

Она што досега се сметаше дека е слој густо ткиво, всушност се празнини исполнети со течност, кои научниците денес го нарекуваат интерстициум.

Тие примероци се наоѓаат веднаш под кожата, а со нив се обложени цревата, белите дробови, крвните жили и мускулите и на тој начин создаваат мрежа од цврст, растеглив протеин.

Новата студија, објавена во списанието Scientific Reports најпрво го идентификува интерстициумот како засебен орган, а научниците засега настојуваат да ја разберат неговата функција. Интересно е тоа дека интерстициумот досега бил незабележан, иако всушност се чини дека е еден од најголемите органи во човечкото тело.

Тимот кој стои позади ова откритие смета дека овој орган служи за да апсорбира удари и на тој начин го заштитува ткивото од разни оштетувања.

Дејвид Кар Лок и Петрос Бениас, доктори од болничкиот центар „Маунт Синаи Бет“ во Израел, го забалежале интерстициумот истражувајќи го жолчниот канал кај пациент барајќи знаци на рак.

Ги забележале празнините кои не се совпаѓаат со познатата човечка анатомија, па за мислење го прашале докторот Нил Таис, патолог од Универзитетот во Њу Јорк.

Научниците установиле дека сите претходни истражувања на човечкото тело го превиделе интерстициумот бидејќи методата за собирање на примероци за микроскопска анализа подразбира сушење на течноста со што всушност се уништува структурата на органот.

Наместо правилно да се идентификуваат како перничиња исполнети со течност, распространети по целото тело, сплесканите делови се сметаат за слој кој користи за врзување на ткивото.

Кога дошле до новите сознанија, научниците сфатиле дека таа структура не се наоѓа само во жолчниот канал туку ги опфаќа и другите внатрешни органи.

“За време на биопсијата, овие празнини исполнети со течност секогаш изгледаа круто, но сега знаеме за што станува збор, и дека истото може да се најде низ целото тело”, вели д-р Тејс.

Замрзнатото ткиво кое за биопсија е земено од уште 12 пациенти, на научниците им овозможува да ја зачуваат анатомијата на новата структура. Сфатиле дека течноста од интерстициумот истекува во лимфниот систем, односно мрежата од жили кои ја пренесуваат лимфата, а која е поврзана со имунолошката реакција на организмот.

Со оглед на тоа дека овозможуваат побрзо движење на течноста низ телото, меѓусебно поврзаните клетки веројатно имаат контра ефект за да го забрзуваат и ширењето на карциномот во телото.

Со помош на новите сознанија, научниците се надеваат дека ќе откријат и нови методи за третирање на ракот.

“Ова откритие може да доведе до драматични промени во медицината, вклучувајќи ја и можноста, примената на интерстицијални течности да стане моќна дијагностичка алатка”, вели Д-р. Тејс

Поддржете ја нашата работа: