(ВИДЕО) Како се создава вештачка вагина?

Извештајот е објавен во „Лансет“, а авторите наведуваат дека девојките се’ уште живеат без болка и со функционални вагини.

„Пилот истражувањето покажува дека вагиналните органи можат да бидат создадени/одгледани во лабораторија и успешно да се користат кај луѓето”, вели д-р Ентони Aтала, директор на Институтот Вејк Форест Баптист за регенеративната медицина, во соопштението. Ова може да претставува нова опција за пациенти кои имаат потреба од операции за реконструкција на вагината. Покрај тоа, ова е уште еден пример за тоа како регенеративната медицина може да се примени на различни ткива и органи.

Четирите девојки се родени со ретка генетска состојба каде вагината и матката, никогаш не се развиваат во целост, состојба позната како Маер-Рокитански-Kустер-Хаузер синдром. И додека тоа можеби ви изгледа малку чудно, научниците  долги години се обидува да создадат вештачка вагина и на неверојатен начин да го подобрат животот на девојките. Тие сега во можност да имаат нормален сексуален живот, со уживање и без болка.

Во следново видео можете да ги погледнете основните чекори за лабораториско создавање/одгледување на вагината.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt