Иста реакција на мозокот кај зависниците од дрога и секс

Иако не може да се зборува за прецизна бројка, експертите од оваа област веруваат дека еден од 25 возрасни страда од компулсивно сексуално растројство, попознато како сексуална зависност, односоно опседнатост со сексуални мисли, чувства и однесување кое не може да се контролира.

Прекумерното користење на порнографијата е една од главните одлики на оваа состојба. Тоа влијае на животот и работата на личноста, предизвикувајќи чувство на несреќа и срам – се вели во студијата на истражувачите од Британскиот Универзитет Кембриџ, објавена во весникот „PLOS ONE“.

Студијата ги разгледувала мозочните активности кај 19 машки пациенти -сексуални зависници и ги споредувала со тие на ист број волонтери.

Пациентите во ова испитување биле луѓе  со сериозни потешкотии во контролата на своето сексуално однесување, што имало значително влијание врз нивниот живот и односи. Во своето однесување тие покажувале многу сличности со однесувањето на зависниците од дроги.

“Сакавме да видиме дали тие сличности се рефлектираат и на мозочната активност”-вели д-р Валери Вун која ја водеше студијата.

На учесниците во студијата им биле покажани серија од кратки видеа со експлицитна сексуална содржина или со спортска содржина. Мозочната активност била следена преку функционална магнетна резонанца (fMRI).

Истражувањето покажало дека три специфични региони од  мозокот кај зависниците покажале зголемена активност во споредба со тие на здравите волонтери (ventral striatum, dorsal anterior cingulate and amygdala )

Од учесниците, исто така било побарано да го одредат нивото на сексуалната желба додека ги гледаат видеата и да кажат колку им се допаднале. Се сметало дека зависниците од дрога посегнуваат по неа повеќе затоа што сакаат отколку што уживаат во тоа. Овој процес е познат како „поттикната мотивација” и претставува интересна теорија за нарушувањата кај зависниците.

Пациентите кои биле зависни од секс, покажале поголема желба за експлицитните секс-видеа, но не значи дека им се допаѓале повеќе.

Иако овие наоди се интересни, важно е да се нагласи дека тие не би можеле да се искористат за дијагностицирање на состојбата. Ниту дека истражувањето ги обезбедило неопходните докази за тоа дека учесниците се зависни од порно, ниту пак дека порното создава зависност. Потребни се уште истражувања за да се разбере врската помеѓу компулсивното сексуално однесување и зависноста од дроги –заклучува  Вун.

 

Поддржете ја нашата работа: