Танцувањето ги подобрува компјутерските вештини кај жените

“Сакаме повеќе различни лица вклучени во развојот на технолошките решенија за општествените прашања”, вели Шендра Дејли, водечкиот автор на извештајот. „Па така, работиме со девојчиња со цел да го потикнеме нивното учество“.

„Virtual Environment Interactions“ (VEnvI) е софтвер и водич за спојување на движењата и програмирањето, кој нуди низа делотворни стратегии за ангажирање на девојчињата од основно училиште во компјутерските науки.

Ученичките имале инструктори кои ги научиле за основите на танцот и кореографијата од една страна, и постоечки едукативен софтвер кој ги запознава учениците со  компјутерско програмирање во тро-димензионална животна средина, од друга страна.

„Сакаме да разбереме како синхронизираното движење на телото може да им помогне на младите ученици да го применат своето знаење за да програмираат тро-димензионален карактер да се движи“, вели Алисон Леонард, коавтор на извештајот.

Истражувачите ja користат кореографијата како паралелелен контекст за потикнување на компјутерските вештини. Односно, стратегиите употребени во кореографијата за создавање и преуредување на движењата,  како синоним за компјутерските практики на повторна употреба и обработка.

„Правењето на еден чекор или еден код едноподруго, се среќава и кај танцувањето и кај програмирањето. Па така, и повторувањето на чекорите, односно кодовите, исто така, се случува во двата контекста“, вели Леонард.

Учениците се движеле и создавале пример по кој нивните виртуелни карактери се движеле, со што всушност ја  покажале врската помеѓу комјутерското програмирање и она што нивните тела го правеле – танцувањето.

Резултатите од ова истражување покажуваат дека начинот на размислување при танцувањето, е многу сличен на оној при компјутерското програмирање.

Поддржете ја нашата работа: