Блокирање на дејството на алкохолот

На универзитетот во Тексас е направен експеримент со мутација на црви. Пронајден е канал со неврони , наречен БК канал кој ги уништува ефектите на алкохолот.

Ова е прв ваков обид за детоксикација на алкохол врз животни.

Џон Пирс-Шимомура, професорот кој го води ова истражување, вели дека се пресреќни што пронашле канал кој ги неутрализира ефектите на алкохолот и го модифицира, без да има промени во неговата нормална функција.

Плановите во иднина се да се истражи овој канал кај луѓето и со соработка на фармацевтските компании да се создадат лекарства кои би помогнале за откажување од алкохолот или пак ублажување на пост- алкохолизираната состојба.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt