Според нивното истражување, делфините формираат комплексни и динамични мрежи на пријатели.
Со помош на истражувањето кое траело шест и пол години, научниците успеале да го научат однесувањето, моделот на запознавање, како и живеалеиштето на околу 200 делфини.
Делфините покажувале различно однесување – преференции и избегнување. Всушност исто како и луѓето, тие одбирале со кого ќе се дружат, односно одбирале делфини кои им се допаѓаат и делфини кои ги избегнуваат. Тие исто така се групирале и формирале „заедници“ кои обично окупирале дискретни области по должината на оската север-југ на лагуната.
Еден од уникатените аспекти на ова истражување е откритието дека физичките димензии на живелиштето- самиот тесен систем на лагуната кој варира од неколку метри до 9 километри широчина и 1,5 – 4 м. длабочина, влијае на просторните и временските модели на групирање, велат истражувачите. На пример, оние делфини што живеат во најтесните делови на лагуната имаат најкомпактни односи, слично на луѓето кои живеат во помали градови.
Истражувањето е објавено во списанието „Marine Mammal Science“.