Изработена прва реплика од ликот на императорот Нерон

Врз основа на древните скулптури, како и монетите од римскиот периот, еден шпански скулптор деновиве ја претстави реконструкцијата на ликот на римскиот император Нерон, пренесува „Сан“.

Првичните впечатоци се дека моделот е навистина соодветен со описите на неговиот лик коишто се среќаваат во историските материјали. Единствена дилема било дали неговата коса била плава или пак, црвена и дали имал сини или сиви очи.
Стилот на неговата фризура е преземен од пронајдените артефакти со неговиот лик.

За Нерон се врзуваат многу скандалозни настани, од кои првиот се совпаѓа со неговиот прв брак (кој се смета за инцестуозен) со неговата полусестра Клаудија Октавија, ќерка на императорот Клаудиј.

Инаку, Нерон на историјата ѝ е познат и по неговата одлука да го запали Рим до темел.

 

Поддржете ја нашата работа: